Коридорот 8 нема да биде автопат по целата траса

Bez autora
Nov 30 2011

Македонија се откажува од планот за целосна реализација на патниот дел од Коридорот 8 преку модел на концесионирање - откако на последниот тендер не се јави ниту една заинтересирана компанија, јави вчера Дојче Веле,, програма на македонски јазик. Повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, Дојче веле" објави дека под концесија најверојатно ќе се понуди патот од Кичево до Гостивар и делницата од Скопје до Блаце, кои би се граделе на ниво на автопат. За останатите делови од коридорот предвидено е да ги гради државата. Делницата од Охрид до Кичево најверојатно ќе се гради на ниво на автопат со буџетски средства, а во источниот дел на земјата кон границата со Бугарија предвидена е реконструкција и проширување со трета лента. Поголеми интервенции ќе има од Ранковце до Крива Паланка, каде што во дел е можна и промена на трасата, но овој пат нема да се изведува на ниво на автопат, бидејќи за тоа немало економска оправданост, со оглед на протокот на возила.

Коридорот 8 нема да биде автопат по целата трасаМакедонија се откажува од планот за целосна реализација на патниот дел од Коридорот 8 преку модел на концесионирање - откако на последниот тендер не се јави ниту една заинтересирана компанија, јави вчера Дојче Веле,, програма на македонски јазик.

Повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, Дојче веле" објави дека под концесија најверојатно ќе се понуди патот од Кичево до Гостивар и делницата од Скопје до Блаце, кои би се граделе на ниво на автопат. За останатите делови од коридорот предвидено е да ги гради државата.

Пешевски открива дека делницата од Охрид до Кичево најверојатно ќе се гради на ниво на автопат со буџетски средства, а во источниот дел на земјата кон границата со Бугарија предвидена е реконструкција и проширување со трета лента. Поголеми интервенции ќе има од Ранковце до Крива Паланка, каде што во дел е можна и промена на трасата, но овој пат нема да се изведува на ниво на автопат, бидејќи за тоа немало економска оправданост, со оглед на протокот на возила.

Според Пешевски реализацијата на делот од Коридорот кој ќе го гради државата грубо би чинел околу 500 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik